На повеќето од нас ни се случило барем еднаш да доживееме нешто како телепатија или видовитост, но на некои тоа им се случува многу почесто. Сајтот „Paranormal.about.com“ открива шест знаци по кои можете да препознаете дали навистина се работи за нешно паранормално. Претчувствувате дека телефонот ќе заѕвони и кој ќе ви се јави Но, тоа се однесува само на некој со кој се немате слушнато, нити видено долго време и ако ваквите ситуации ви се случувааат често.
Чувствувате кога вашето дете, или некој кој ви е многу близок, е во неволја Ова не е обична загриженост што родителите секогаш ја имаат за нивните деца, или пак за блиските луѓе, туку за силно чувство дека нешто лошо се случува и подоцна ќе дознаете дека тоа и навистина се случило. Вакви случаеви се забележани помеѓу родители и деца, блиски луѓе, сопружници и, се разбира, помеѓу близнаци. Место каде што никогаш досега не сте биле, ви е многу познато Ако ви се случи да се најдете во куќа, во која никогаш досега не сте биле, а ви изгледа како целата да ја знаете, дури и во најситните детали, најверојатно сте видовити. Ако имате соништа кои се остваруваат
Ако често сонувате сонови за вас или ваши блиски луѓе, па дури и за некое светско случување, кое подоцна ќе се реализираат, би можело да значи дека сте видовити. Пророчките соништа, наводно, многу се разликуваат од обичните сонови по луцидноста, деталноста и убедливоста. Допирот ви е доволен да почувствувате и да дознаете некои детали за претметите или личностите Веднаш по ракувањето со некој/а непознат/а знаете некои информации за него, како на пример од каде е, каков/каква е и што работи, а неретко ви се случува и кога ќе допрете нкој предмет, или облека да сте убедени дека знаете кому му припаѓал или некои моменти од неговото минато. Иако постои можност дека сте само многу заинтересирани, сепак не се исклучува и опцијата дека имате посебна моќ на претчувителна перцепција и визија. Секогаш кога разговарате со вашите пријатели и кажете дека нешто ќе се случи и тоа навистина ќе се случи Кога добро знаете некои лица и ги знаете нивните навики, не е големо чудо ако она што ќе го кажете навистина се случи. Но, ако имате силно чувство дека нешто сосема неочекувано ќе им се случи на вашите најблиски и тоа навистина ќе им се случи, тоа може да биде показател дека вие сте видовити.
]]>


