Скандал за Водици во Скопје – Од наредната година нема подароци, само крстот и икона

Скокачите предвреме влегоа во водите на Вардар. Почнаа да викаат и да се прскаат со вода, што наиде на негодување на г.г. Стефан. Тој за момент прекина со богослужбата, чекајќи да се стиши вревата. Потоа побара од верниците да излезат од водата надвор. Но верниците останаа внатре.

Потоа се појави поп  кој прво ги замоли скокачите да излезат од вода или во спротивно крстот ќе бил спуштен во казанот.

Се пристапува кон господа со послушност. Целта е да имаме радост, а не кавга. Во ваш интерес е да излезете надвор. Ајде одма – рече официјалниот поп.

Но, скокачите упорно стоеја во вода, со што се одложуваше фрлањето на крстот. Беше упатен последен повик, г.г. Стефан се обидуваше од мостот да им посочи да се повлечат во една линија крај Вардар, но тие беа упорни побрзо да стигнат до крстот. На крај беше посочено дека од следната година подароците ќе бидат сведени на минимум за да се избегне пријавување на луѓе кои скокаат за подароците, а не поради вербата.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести