Во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар лани се произведени 395 милиони киловат часови електрична енегија што е 57 отсто повеќе од годишниот план, пренесе МИА.
Ланското поризводството е поголемо за 156 милиони киловат часови од претходната година. Тоа, велат надлежните, се должи на поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, посебно во периодот февруари-мај, и оптимизацијата на производните капацитети.
– Годишниот план од 252 милиона киловат-часови беше реализиран во средината на летниот период. Во 44-годишното постоење, историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено пред четири години, поради исклучително поволната хидрологија, велат во „Шпилје“.
Во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментно има резерви за произвдство на над 40 милиони киловат часови, а средниот дотек е 21 метар кубен вода во секунда.
]]>


