Победникот на шоуто „Сите наши песни“ доби награда во вредност 92.000 денари

Супер финалето од втората сезона на шоуто „Сите наши песни“ ги прогласи своите победници. Евгенија Чанчалова од Куманово е победник на втората сезона на „Сите наши песни“. Евгенија како победник од Македонската Радио Телевизија  доби парична награда во вредност од 92.000,00 денари. Второто и третото место како и паричната награда во вкупна вредност од 92.000,00 денари, рамноправно ја поделија останатите двајца финалисти на шоуто, Станимир Ѓуревски – Тане и Кристијан Тасевски.

Како арбитри на супер финалето од втората сезона на шоуто, беа првите дами на македонската поп музика Калиопи, Каролина Гочева и Елена Ристеска, коишто во вториот дел од шоу програмата имаа ексклузивни дуети со супер финалистите на „Сите наши песни“.

Вкупно во двете сезони на ова прво и оригинално македонско музичко шоу од ваков формат  за создавање на нови музички ѕвезди, беа селектирани  96 кандидати и отпеани над 250 македонски забавни мелодии на сите времиња придружувани од Биг Бендот на МРТ под раководство на Кире Костов и Љупчо Мирковски.

Кандидатите и нивните изведби беа оценувани од страна на најетаблираните имиња на македонската музичка сцена, новинари, автори на музика, аранжери, текстописци и интерпретатори.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести