Жителите на рускиот град Новосибирск деновиве се сведоци на необично однесување на песнопојните птици кои долетуваат од шумите и се хранат со бобинки од билките што растат во градските плоштади и парковите.
Птиците откако ќе се најадат ја губат ориентацијата, не можат да летаат право, а некои се превртуваат и паѓаат врз прозорците од автомобилите.
Орнитолозите тврдат дека тоа е така затоа што поради невообичаеното топло време во Сибир бобинките и плодовите не се смрзнати па брзо ферментираат, а еден од продуктите на ферментацијата е и алкохолот.
Во европските делови на Русија пијанството на птиците, но и свињите, па и бувовите, повеќе или помалку е вообичаена појава во текот на летото и есента. Во Сибир, меѓутоа, многу ретко се појавуваат пијани птици, тврдат научниците.
]]>


