Евернот достапен и за македонските корисници

Дојче телеком и Евeрнот го проширија партнерството на 12 пазари во Европа, меѓу кои е и Македонија. Како што соопштуваат од Македонски телеком, со Евернот, корисниците може да запишуваат прибелешки, да спојуваат веб страници, да прават исечоци од написи, да прават списоци за работи што треба да ги направат, како и аудио снимки со нивните мобилни телефони. Корисниците на ДТ кои ќе ја активираат апликацијата до 2 октомври 2014 година, ќе може да ја користат бесплатно 6 месеци со симнување преку он-лајн продавниците за апликации.

Корисниците кои ќе ја искористат промоцијата ќе имаат придобивки и од напредните карактеристики, како што се зголемен аплоад капацитет од 1 ГБ месечно, оф-лајн користење на преносливиот компјутер и забрзано вчитување на сликата.

Апликацијата ќе биде претходно инсталирана на aндроид во портфолиото на мобилни телефони во првиот квартал од 2014 година.

Верзиите на локалниот јазик се веќе достапни во Австрија, Унгарија, Холандија, Полска и Романија, додека верзијата на англиски јазик на Евернот е достапна за останатите пазари.

Дојче Телеком го промовира Евернот во Албанија, Австрија, Хрватска, Република Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Холандија, Полска, Романија, Словачка.    Во моментов, Евернот има над 4 милиони корисници во Европа. Дојче телеком ја претстави апликацијата во Германија во 2013 година.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести