Вознемирувачко видео: На петгодишно момче автомобил му помина преку глава, помина без повреди

Од Бразил пристигна една неверојатна снимка на надзорните камери кои снимиле нешто навистина шокантно и вознемирувачко.

Вилма Насцименто и нејзиниот петгодишен внук Жоао од Анаполис во вторникот излегле да прошетаат, кога во непосредна близина имало сообраќајна несреќа.

Еден автомобил излегол од спротивната улица и обидувајќи се да ја избегне сообраќајната незгода. 

Веднаш штом виделе што се случува, се обиделе да побегнат, но белиот автомобил од силинита на ударот паѓал токму врз нив. Бабата ја прегазил еднаш, а внукот двапати, од кои вториот пат врз глава.

Но, токму тогаш се случило чудо. Малиот Жоао од несреќата немал ниту една повреда, како ништо да не се случило. Тој станал и отишол крај својата баба која лежела.

Надозрните камери снимиле сè.

]]>

Најчитани вести