Намален кредитниот рејтинг на Сони

На јапонскиот гигант Сони кредитниот рејтинг е намален на ниво на смет, соопшти агенцијата Мудис.

Аналитичарите на Мудис наведоа дека одлуката ја донеле водејќи се од проценките дека главните дејности на Сони ќе продолжат да трпат поради значителен притисок. Посебна загриженост е изразена во областа на производството на телевизори и персонални компјутери, поради тоа што Сони на тие полиња се соочува со интензивна глобална конкуренција.

Сони поради состојбата на пазарот неодамна ги намали прогнозите за годишниот профит за дури 40 отсто.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести