Јувентус лесно со Интер

Фудбалерите на Јувентус синоќа во целост го надиграа Интер и со сигурни 3:1 стигнаа до победата во дербито на 22.коло од Серија А.

Головите за Јувентус на натпреварот одигран во Торино ги постигнаа Стефан Лихштајнер (16.минута), Џорџо Киелини (47) и Артуро Видал (56), додека за гостите погоди Роландо (72).

На другите досега завршени средби од оваа рунда: Каљари – Фиорентина 1:0, Болоња – Удинезе 0:2, Милан – Торино 1:1, Сасуоло – Верона 1:2, Киево – Лацио 0:2, Катанија – Ливорно 3:3 и Аталанта – Наполи 3:0.

Поради силен дожд по само десетина минути прекинат е натпреварот Рома – Парма, а вечерва од 20 часот и 45 минути играат Џенова – Сампдорија.

Табела: Јувентус 59 бодови, Рома 50 (натпревар помалку), Наполи 44, Фиорентина 41, Верона 35, Интер 33, Торино 33.

]]>

Најчитани вести