Во Скопје се случиле десет сообраќајни несреќи од кои две се со последици тешки телесни повреди, во три има материјална штета и пет се со последица телесни поведи.
Во сообраќајните несреќи во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје полесно се повредени четворица возачи на моторно возило и двајца пешаци, а тешки телесни повреди се здобиле еден пешак, еден возач на моторно возило и двајца сопатници
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира седум неисправни возила кои се исклучени од сообраќај, 15 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола, 12 возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, 15 возачи не го користеле сигурносниот појас, 13 возачи го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата, пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив пет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, и петмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Владо Тасевски и ОУ „Димо Хаџи Димов““ кои се наоѓаа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
]]>


