Кавадарчанец фатил сограѓанин во обид да му украде ракија

Кавадарчанец фатил сограѓанин како се обидува да му ја украде ракијата и повикал полицајци. Како што соопштија денеска од кавадаречката полиција, 34 годишниот М.А од Кавадарци е фатен на дело додека се обидувал од куќа на улица „Љубашка“ во Кавадарци да украде две туби од по десет литри домашна ракија.

Крадецот пред полицајците признал и други кривични дела. Од полицијата со општа надлежност Кавадарци апелираат до жителите на општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание за заштита на своите имоти.

– Им се советува посебно на оние граѓани што живеат во станбени згради почесто да ги проверуваат подрумските простории и доколку забележат присуство на сомнителни лица или возила веднаш да повикаат полиција на бесплатниот број 192, советуваат од кавадаречката полиција.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести