Северина на операција

Популарната пејачка Северина некое време ќе се повлече од сцената поради повреда на ногата за која ќе мора да се оперира. Со овој проблем таа се справува подолго време, но поради големиот број на обврски се досега не одвоила време да го реши.

-Сега, по 4 години од повредата, пејачката ќе треба да оди под нож, објави „Блиц“.

Извор близок до пејачката раскажал дека таа веќе двапати ја повредила ногата на исто место и сега веќе нема бегање.

– Северина ќе ги оперира предните лигаменти, бидејќи оваа повреда ѝ е од порано. Последен пат таа ја повредни ногата во 2010 година кога падна на коленото за време на концерт, а неколку години пред тоа ја имаше скршено возејќи ролери – вели изворот на Блиц. .

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести