(ВИДЕО) Самуел донесе три бодови за Интер

Фудбалерите на Интер постигнаа победа на последниот натпревар од 23.коло од Серија А одигран синоќа во Милано. На домашен терен Интер го победи Сасуоло со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Валтер Самуел во 48.минута.

По оваа победа Интер ја прекина серијата од пет натпревари на кои не успеа да ги освои сите три бода.

На средби од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Торино – Болоња 1:2, Лацио – Рома 0:0, Ливорно – Џенова 0:1, Парма – Катанија 0:0, Сампдорија – Каљари 1:0, Верона – Јувентус 2:2, Наполи – Милан 3:1, Фиорентина – Аталанта 2:0 и Удинезе – Киево 3:0.

Табела: Јувентус 60, Рома 51, Наполи 47, Фиорентина 44, Интер 36, Верона 36.

]]>

Најчитани вести