Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул на најновата ранг листа на АТП го бележи својот најдобар ранг – се наоѓа на 515.место.
Грабул има скок од 6 места во однос на претходната недела и 65 поени откако му беше забележан и настапот (1 поен) од турнирот во Нуслох.
Македонскиот тенисер од денеска настапува на фјучрс турнир во Загреб.
Томислав Јотовски нема промена на освоени поени – 21 и се наоѓа на 814.место (без промена), близу до својот најдобар ранг во кариерата – 812.место.
Од македонските тенисери другите тројца имаат мали поместувања на ранг листата: Шендрит Деари -1.247 место, Бесир Дургути 1.659 место и Стефан Мицов 1.991 место.
На врвот на АТП листата нема промени, Рафаел Надал е прв, пред Новак Ѓоковиќ, Станислас Вавринка, Хуан Мартин Дел Потро и Давид Ферер се најдобрите пет рангирани тенисери за оваа недела.
]]>


