Француски папарацо тврди дека Обама е во врска со Бијонсе

Американскиот претседател Барак Обама и пејачката Бијонсе се во врска, тврди францускиот папарацо Паскал Ростен. Тој за радио Јуроп 1 изјави дека утре „Вашингтон пост“ ќе објави за љубовната врска меѓу Обама и Бијонсе.

– Во САД се случува нешто неверојатно. Утре „Вашингтон пост“ ќе објави за наводната врска меѓу Обама и Бијонсе, наведе Ростен, еден од водечките папараци во Франција.

Ростен е автор на првите фотографии за врската меѓу Сесилија Саркози и бизнисменот Ришар Атиас, кога таа се уште беше сопруга на Никола Саркози, кога беше министер.

Ростен е автор и на првите фотографии на незаконската ќерка на францускиот претседател Франсоа Митеран, Мазарин, кои се појавија во 1994 година.

bejonce-obama

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести