Британката Ребека Дагли (19) од Лестер е најнова „ѕвезда“ во серијата „Некоминате“, што стана многу популарна во последно време. Целта во неа е да се испие пијалокот на најекстремен начин, а потоа да се повика пријател и да направи нешто уште почудно. А дека сето тоа мора да биде снимено, тоа се подразбира.
Дагли добила предизвик да се соблече во продавница и да испие одредена количина на пиво.
Инаку, оваа луда игра првпат стана популарна во Австралија, од каде што преку социјалните мрежи многу брзо се прошири низ целиот свет.
Сепак, оваа игра не е секогаш секси, како во случајот со Британката, Понекогаш е и опасна.
Двајца млади Ирци починале поради оваа игра, додека ги исполнувале предизвиците што им биле поставени. Едниот починал под неразјаснети околности, откако учествувал во играта, додека другиот бил пронајден во река, бидејќи дел од неговиот предизвик бил да скокне од мост.
]]>




