Канада најуспешна по третиот ден на Игрите во Сочи

Спортистите на Канада се на врвот по бројот на освоени медали на 22.те Зимски Олимписки игри во Сочи. Канаѓаните имаат освоено вкупно 7 медали, по 3 златни и сребрени и 1 бронза.

Веднаш зад нив се Холандија исто така со 7 медали (3 златни), додека Норвешка има 7, но 2 златни.

Златни одличија имаат освоено уште Сад и Германија по 2, и Русија, Австрија, Франција, Полска, Швајцарија и Словачка по 1.

Вкупно 19 држави имаат освоено медали, а 11 барем еден златен.

Денеска на Игрите ќе бидат поделени 8 комплети медали во следните дисциплини: биатлон пурсиут 10 км. (жени), крос кантри – спринт (мажи и жени), слободно скијање – слупстајл (жени), санкање (жени), ски скокови (жени), сноуборд – халфпајп (мажи) и брзо лизгање – 500 метри (жени).

]]>

Најчитани вести