Индијана го победи Денвер со 119:80 и со тоа стана втората екипа во НБА лигата која сезонава стигнува до победата број 40. Први тоа го направија кошаркарите на Оклахома.
Дејвид Вест со 25 постигнати поени беше најзаслужниот за овој триумф на лидерот во Источната конференција.
На другите пет ноќешни натпревари постигнати се следниве резултати: Торонто – Њу Орлеанс 108:101, Детроит – Сан Антонио 109:100, Милвоки – Бостон 86:102, Минесота- Хјустон 89:107 и Голден Стејт – Филаделфија 123:80.
Вечерва се играат седум дуели: Шарлот – Далас, Кливленд – Сакраменто, Чикаго – Атланта, Мемфис – Вашингтон, Феникс – Мајами, Портланд – Оклахома и ЛА Лејкерс – Јута.
Пласман Источна конференција: Индијана 40-11 (победи-порази), Мајами 35-14, Торонто 27-24, Атланта 25-24, Вашингтон 25-25, Чикаго 25-25, Бруклин 23-26, Шарлот 22-29,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 41-12, Сан Антонио 37-15, Портланд 36-15, ЛА Клиперс 36-18, Хјустон 35-17, Феникс 30-20, Далас 31-21, Голден Стејт 31-21.
]]>


