Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди. Од нив во осум има девет повредени лица од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, а останатите се само со материјална штета.
Во шест од сообраќајките полесно повредени се седум лица, еден велосипедист, еден пешак и пет возачи на моторни возила, додека во две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и ги исклучи од сообраќај, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 96 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димитар Попгеоргиев Беровски“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
]]>


