Уште еден сет медали претпладнево е поделен на Игрите во Сочи, а две од трите одличија им припаднаа на Канаѓанките.
Дара Хјуел го освои првото место во дисциплината слободно скијање – слоупстајл во женска конкуренција. Таа на највисокото место на пиедесталот се искачи со резултат 94.20.
Нејзината сонародничка Ким Ламер со скор 85.00 го освои третото место и бронзениот медал.
На денешното натпреварување меѓу двете Канаѓанки се пласира Девин Логан од (САД) со резултат 85.40. Американката го освои сребрениот медал.
Канада со денешните два медала се издвои на првото место на табелата на медалисти со вкупно 9 од кои 4 златни, пред Холандија 7 (3 златни) и Норвешка 7 (2 златни), САД 6 (2 златни),.
]]>


