Oткриен случај на недозволен превоз на мигранти

Специјалните единици при Царинска управа открија обид за нелегален превоз на девет мигранти. Како што соопшти Царинската управа, ноќеска околу еден часот на патниот правец Гевгелија-Неготино царинските службеници се обиделе да сопрат патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, поради сомневање дека пренесува нелегална стока.

Возачот ги игнорирал наредбите и скршнал од автопатот при што продолжил да се движи со голема брзина по стариот пат Градско-Велес. По получасовна потера, во близина на Велес, возилото нагло запрело на нагорнината по што возачот излегол и побегнал, оставајќи го возилото неконтролирано да се движи наназад при што со задниот дел удрило во службеното царинско возило, по што го сменило правецот на движење и излетало од патот.

Во тој момент од просторот наменет за патници, како и од багажниот простор почнале да излегуваат девет патници. Станува збор за илегални мигранти со потекло од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои според првичните сознанија, по нелегален пат се обидувале од Грција, преку Македонија и Србија да заминат кон западноевропските земји.

Мигрантите веднаш се задржани, а по пристигнувањето на полициски службеници од СВР Велес и припадници на Граничната полиција им се предадени за натамошно постапување.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести