Ако не можете да се одлучите дали е дојдено времето да запливате во брачните води, не грижете се. Создадена е апликација која ќе ви пресмета кога треба да се омажите или ожените.
До оваа „Тајм“ апликација се доаѓа преку Фејсбук и таа го мери просечното време за кое што вашите пријатели стапиле во брак. Со оглед на тоа дека вообичаено најголемиот дел од нашите пријатели се на возраст како нашата и ги доживуваат истите работи, апликацијата ќе ви каже дали сте заостанале во поглед на бракот. Таа ги зема во предвид и љубовните стауси како слободен, во врска… бидејќи најголем дел од корисниците на Фејсбук пишуваат дали се во врска/брак или не. Според тоа колкав број од вашите пријатели се во брак, а вие не сте, ќе ви биде пресметано дали заостанувате во тој поглед.
Творците на апликацијата сепак потенцираат дека таа е направена за забава, а не за да ги разочара или растажи луѓето.
Дознајте дали ви е време да се жените ако сте момче, или да се омажите ако сте девојка ТУКА.
]]>


