Од четири челични столбови на 110 киловолтниот далекувод Гевгелија-Валандово, над гевгелиското село Мрзенци, биле украдени 50 винкли со должина од по три метри, над 100 шрафови со голем пречник и плочки за заземјување, соопшти гевгелискиот Кориснички енерго-центар по направените редовни контроли од страна на екипи на ЕВН. Штетата е проценета на околу еден милион денари, а деловите од далекуводот се брзо обезбедени и санирани.
]]>


