Мистерија со пет дупки: Како Принцип со два куршуми ги убил Фердинанд и Софи и го ранил Почорек

Повторното судење на Гаврило Принцип би можело да реши многу дилеми за убиството на австро-унгарскиот принц Франц Фердинанд и неговата сопруга Софи Хотек. Атентаторот истрелал два куршуми и ги убил принцот и неговата сопруга, а го ранил и Почорек.

Одговорот на прашањето како Принцип со два куршими направил пет дупки, т.е. погодил тројца, од кои двајца смртно, никогаш не бил даден, а не било одговорено ниту прашањето што бара мексикански платен убиец во Сараево на денот на атентатот. Не е доволно јасно ниту зошто Принцип бил осуден за велепредавство кога ниту Виена (Беч), ниту пак Будимпешта (Пешта) не ја ратификувале анексија за Босна и Херцеговина. Па таа, иако постоела, правно никогаш не заживеала.

princip2

– На судењето е утврдено дека принцот бил застрелан двапати. На униформата на престолонаследникот можат да се видат двете дупки од куршимите. Неговата сопруга Софи била погодена со еден куршум, а четвриот куршум го ранил Оскар Прочек. Петиот куршум го завршил во автомобилот. Ако се обнови постапката, треба да се одговори како е можно со два куршуми да се погодат толку многу луѓе – рече писателот Жељко Пржулј, кој ја истражувал оваа мистерија цели 10 години и наскоро ќе објави книга на оваа тема, пишува „Вечерње новости“.

princip1

Тој потсетува дека атентатот врз Фердинанд бил четврти по ред во две години. Првиот бил на отворањето на една фабрика во Салцбург, другиот во кралскиот двор, третиот за време на воената парада во Чешка. Според него, многумина сакале австро-унгарскиот принц да биде убиен, од германскиот цар, кој бил лут на Софи, за нејзината изјава дека протестантите ќе ги престори во католици, до Ротшилодвата банка, затоа што Франц Фердинанд се закани дека ќе ги повлече сите пари од неа.Познато е дека непосредно пред убиството одреден мексикански убиец подигнал 10.000 долари од банка и тајно пристигнал во Сараево.

princip

Пред убиството во босанскиот главен град биле уште тројца унгарски благородници, кои на денот на атентатот буквално се разбегале.

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести