Злоупотребата на службената должност најчесто кривично дело на албанските државни службеници во 2025 година

Злоупотребата на службената должност продолжува да биде доминантно кривично дело, меѓу оние кривични дела, извршени од државни службеници и лица во јавна служба.

Податоците од извештајот на Јавното обвинителство за 2025 година покажуваат дека постапките за „Злоупотреба на службена должност“ се зголемиле за 16,43 проценти во споредба со 2024 година и сочинуваат 91,01 отсто од сите постапки за оваа група кривични дела.

Според извештајот, вкупно зголемување од 11,22 проценти е забележано во постапките за кривични дела против државната активност извршени од државни службеници или во јавна служба. Во исто време, постапките испратени до суд се зголемиле за 21,52 отсто.

Во извештајот се истакнува и силно зголемување на бројот на обвинети изведени пред суд. Според податоците, овој показател е зголемен за 85,52 проценти во споредба со 2024 година, додека бројот на лица осудени од судот е зголемен за 60,44 отсто.

Стапката на криминал на 100.000 жители се зголемил од 20,40 проценти во 2024 година на 23,06 отсто во 2025 година.

Профилот на обвинетите покажува дека мнозинството се мажи и имаат високо образование. Според податоците, 85,22 проценти од обвинетите се мажи, а 14,78 отсто се жени, при што 75,57 проценти од нив имаат високо образование, додека 89,92 отсто се обични административни службеници.

Во извештајот, исто така, се истакнува дека 90,99 проценти од обвинетите живеат во градот, а 97,43 отсто немаат претходни осудителни пресуди.

Во однос на казните, во 97,31 проценти од случаите обвинителите побарале затворски казни, а само во 2,69 проценти парична казна. Од друга страна, судовите изрекле затворски казни во 99,32 отсто од случаите. Сепак, извештајот покажува дека за 25,33 проценти од обвинетите судовите ги прогласиле за невини. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести