Нема кафе за агенти на ФБИ и ЦИА во Сочи?!

Лесно воочливо предупредување на англиски јазик на влезот во еден ресторан во Краснај Пољаната се кажува – апсолутно е јасно кој не е добродојден.

Интересната табла се појави во близината на борилиштата на денот на отворањето на Зимските Олимсписки игри во Сочи.

На окото на Је Хонг, искусен фотограф на агенцијата Асошиејтед прес, не можеше да му избега вакво нешто – иако натписот на англиски „Не служиме агенти од ФБИ и ЦИА“ просто „боде“ очи, поставен на една од околните планини каде се одржуваат скијашки и бордерски натпревари.

Сопствениците на ресторанот во Краснајој Пољана јасно назначиле кој не е добредојден во нивниот угостителски објект.

Е сега, дали некој ќе забележи дека агентите влегле е друго прашање. Не пишува каков е ставот на овие угостители кон агентите на НСА.

]]>

Најчитани вести