Ако некогаш сте изгубиле надеж дека постои вечна љубов, романтичната приказна на овие двајца луѓе засекогаш ќе ви ја врати.
Олимпија (95) и Мајкл Денитис (94) биле во среќен брак долги 67 години. Тие се родени во исто породилно одделение, израснале во исто соседство, се засакале во училиште… Бракот помеѓу овие двајца млади од Њу Џерси била најлогичната постапка за семејствата и на двајцата.
Со оглед на тоа дека го делеле секој час од нивниот животен век, ни малку не изненадува фактот дека овој свет го напуштиле заедно.
Иако тоа не може да се знае, ниту пак да се направи договор, последниот здив и двајцата го испуштиле овој месец, со разлика од неколку часа.
Кога Олимпија починала во болница пневмонија, нивните деца, внуци и паравнуци одлучиле тоа да не му го кажат на Мајкл, кој во тоа време се борел со ракот во друга болница.
Тие мислеле дека ако премолчат, Мајкл ќе има повеќе шанси да се справи со болеста, а целата сила му била потребна за што е можно побрзо да се врати дома во семејството.
Сепак, стариот човек со неговото шесто сетило изгледа почувствувал дека неговата сакана Олимпија ја нема. По само 32 часа од смртта на неговата сопруга, починал и Мајкл.
По сѐ изгледа дека тие двајцата никогаш нема да се разделат, како додека биле живи, така и после смртта, а тоа може да го направи само љубовта.
]]>


