Крадел и од црква, палел возила, си доби кривична

Полицијата од Битола поднесе кривична пријава против Н.Т.(51), за сторени кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „предизвикување општа опасност“, озвести МВР.

На 22.01.2014 година, пријавенио извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ од каде одзел два дрвени крста. Исто така, ноќта помеѓу 29/30.01.2014 година, на три локации во Битола, пријавениот подметнал пожари на три патнички возила, при што причинил материјална штета од околу 130.000 денари.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника