Кошаркарите на Куманово вечерва гостуваат во Пеќ, Косово, во натпревар од 13. коло на регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).
Во дуел за горниот дел од табелата за Кумановчани победа е императив на вечерашниот дуел против екипата на Пеќ која со една победа помалку е веднаш зад Куманово на шестото место на табелата. Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, тимот на Кожув по вчерашниот пораз во Романија кај Крајова со 72:61, сега е на пат кон Бугарија.
Гевгеличани утре, во заостанат натпревар од 12. коло, гостуваат во Самоков кај последно пласираната екипа во БИБЛ конкуренцијата Балкан.
]]>


