На подрачјето на Град Скопје во изминатото деноноќие се случиле десет сообраќајни несреќи во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Во четири сообраќајќи имало осум лица со полесни повреди, а останатите пет сообраќајни незгоди се со материјална штета.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште девет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во текот на вчерашниот ден откриени и санкционирани се и четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Исто така, 11 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, четворица не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи непрописно ги паркирале возилата на автобуските стојалишта, а 14 возачи не го користеле безбедносниот појас или користеле мобилниот телефон додека возеле.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно-воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во основното училиште „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.
За денеска нема вонредни настани, додека за време на викендот најавени се вонредни настани, но не се очекува тие да влијаат врз нормалното одвивање на сообраќајот.
]]>


