Дваесет и едногодишниот Б.С. од село Желино, тетовско вчера бил физички нападнат од група непознати лица, извести полицијата.
Нападот се случил околу 19,30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, а еден од непознатите го прободел со нож во пределот на стомакот.
Повредениот, поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
]]>


