25 луѓе повредени во сообраќајки викендов во Скопје

Во изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 29 сообраќајни незгоди во кои во 16 со повреди се здобиле 25 лица од кои четворица со потешки.

Во петокот се случија вкупно десет сообраќајни незгоди од нив во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице. Четири незгоди се со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле шест лица и пет се само со материјална штета.

Во сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив шест незгоди со последица телесни повреди во кои со лесни телесни повреди се здобиле 13 лица, а останатите три незгоди се со материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.

Вчера во Скопје се случија десет сообраќани незгоди. Во три од нив со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во две со полесно биле повредени две лица, а останатите пет незгоди се со материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на викендот беа откриени и санкционирани 120 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што се исклучени од сообраќај, 46 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 16 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 128 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска има најавено вонреден настан. Со почеток во 18 часот ќе се одржи културно-забавна програма на плоштадот „Скендербег“ во организација на општина Чаир по повод независноста на Република Косово. Од овие причини од страна на сообраќајната полиција ќе бидат поставени служби, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен од булеварот „Гоце Делчев“ по останатите сообраќајници.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника