Четири спортски обложувалници во селата Оризаре, Отља, Матејче и Опае во Општина Липково работеле нелегално, утврдиле полицијата и инспекторите при извршената контрола во објектите во текот на викендот. СВР Куманово против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ќе поднесе кривични пријави, а УЈП ќе им изрече соодветни глоби.
Валентина Николовска од СВР Куманово денеска изјави дека по извршената контрола во обложувалниците е констатирано оти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерството за финансии, не поседувале решение за наплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту пак имале фискални каси.
– Во објектите пронајдени се уплатени парични средства за кои се издадени уплатни ливчиња-тикети за спортски натпревари. Од страна на УЈП, изготвени се записници за констатирани неправилности, согласно Законот за игри на среќа, по што објектите се запечатени и пломбирани, при што се издадени записници за затворање на објектите во траење од една година, Уплатените парични средства, ливчињата-тикети, разновидна техничка опрема, комјутери, монитори, печатачи, со потврда се одземени, изјави Николовска.
Полицијата и инспекторите при контролата одзеле десетина комјутери, печатачи, монитори, неколку телезизори и парични средства.
]]>


