Харнам Каур ( 23 ), од Беркшир, Англија, се бори со своите влакна уште од 11 години. Тие ѝ се појавиле поради хормоналната неурамнотеженост предизвикана од полицистичен оваријален синдром.
Влакнта многу брзо ѝ се прошириле по нејзините гради, раце и лице, а во нејзината околина веднаш станала предмет на потсмев и провокација. Дури и на интернет добивала смртни закани од непознати лица.
Тинејџерските години ги памети како голема траума, кога на секој можен начин се обидувала да ги прикрие своите недостатоци. Двапати неделно си го депилирала лицето, а повремено се бричела и ги избелувала.
Брадата сепак ѝ станувала се погуста и погуста, па таа не сакала да излезе од дома и многу често помислувала да се самоубие.
Во нејзината 16. години одлучила да го промени својот поглед на свет, а во тоа ѝ помогнала нејзината нова религија. Каур ја променила верата и се посветила на сикизмот, религијата во која сечењето на косата и бричењето на влакната се забранети.
– Сега јас никогаш не би се вратила во минатото кога ја сечев косата и ги криев влакната бидејќи Господ мене таква ме направил и јас сум среќна поради тоа, рече Каур.
Нејзините родители биле згрижени поради фактот дека никој нема да сака да се ожени со девојка со брада, ниту пак некогаш ќе се вработи, но таа сама истрајала во животот со одлуките што сама ги донела.
Сега работи во сикистичко основно училиште како наставник, а што е најважно од сè, таа се чувствува женствено и секси и го сака секој дел од себе.
]]>


