ВМРО пред две години им ветуваше на граѓаните поништување на Преспанскиот договор, репреговарање на Преговарачката рамка и подобри услови за Македонија, денес, по две години власт, нема ниту резултати, ниту конкретен план како понатаму, потенцираше рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„Она што гледаме е дека ВМРО, не знае да носи државнички одлуки, ги гледа само своите и интереси, а најмалку интересите на граѓаните. ВМРО беа тие кои велеа дека ќе го укинат Преспанскиот договор и на граѓаните им ветуваа подобра преговарачка рамка. Ветуваа многу работи на граѓаните и во рок од овие две години ништо не е исполнето, порача Шукова, додавајќи дека Владата не само што не ги реализира ветувањата, туку државата ја држи во место без јасна стратегија и резултати.
Во дебатата Шукова посочи дека Владата избегнува да зборува за реалните резултати и реализацијата во делот на реформите и Планот за раст, каде што Македонија не успеа да ги исполни обврските во предвидените рокови.
„Иако Владата се пофали со исплатата на средства од Планот за раст, фактите покажуваат дека Македонија доби само 65,7 милиони евра, значително помалку од износот што можеше да го добие доколку навремено ги спроведеше предвидените реформи. Наместо целосна реализација на реформската агенда и повлекување на над 100 милиони евра предвидени средства, државата остана без значителен дел од финансиската поддршка поради неисполнетите обврски“, рече Шукова.
Таа додаде дека Владата пласира само половина од вистината, премолчувајќи дека државата не ги реализирала реформите што се предуслов за целосна исплата на средствата. Шукова потсети дека реализацијата на реформската агенда сериозно доцни.
„Од 10 системски закони ко ишто требаше да се донесат се донесени само два. Не се почитува временската рамка. Впрочем и заради тоа државата не ги спроведува реформите и ги губи парите кои што може да ги добие од Европската Унија“, нагласи Шукова.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


