оженил со Алина Кабајева, медиумите на големо пишуваат за наводните љубовни авантури на Владимир Путин. Погледнете ги жените за кои се шпекулира дека биле блиски со Путин.
Јана Лапикова:
На списокот на „љубовници“ на Путин беше и Јана Лапикова, која во 2011 година стана негов личен фотограф. Сексипилната 27-годишна бринета порано била манекенка, која рекламирала долна облека, а била и финалистка на изборот за мис на Москва во 2008 година.
Светлана Захарова:
Балерината Светлана Захарова, според медиумите, исто така му го пленила срцето на Путин. Рускиот претседател многу сака да гледа балет, а се чини највеќе сака да ја гледа примабелерината на Бољшој театарот, која е и член на Советот за култура на претседателот. Светлана на новинарите им рекла дека многу му должи на Путин, а тој и подарува цвеќе по секој настап.
Ана Чепмен:
Британските медиуми тврдеа дека Путин е во тајна врска со Ана Чепмен (32), разоткриената шпиунка, која беше депортирана од САД. Во Русија стана ѕвезда, а многу бргу почна да се шушка дека и големиот Владимир и фрлил око.
Ана Нетрепко:
И оперската дива Ана Нетрепко влегува во списокот на наводни љубовници на Путин. Претседателот на Русија никогаш не штедел комплименти за Ана.
Људмила Путин пак не му беше љубовница туку сопруга на рускиот претседател. Но, очигледно имала многу главоболки…
]]>


