Тажната приказна за тоа како умре легендата Драган Лаковиќ

Срце исполнето со среќа. Спокој во душата. Неговата радост е огромна. Исто како и неговата желба да го сонува овој сон засекогаш. Од него никогаш да не се разбуди. Во одреден момент, дојде кондуктерот. Му довикна. Човек навидум во длабок сон, не го слуша. Нема одговор. Со лесен допир на опуштеното рамо, се обиде да го разбуди. Залудно. Заспиениот патник со насмевка на лицето, веќе пристигна на неговата дестинација. Неговиот билет за вечноста, веќе беше дупнат. Драган Лаковиќ … Најдобар пријател на многу детства. Човекот со кого ги пеевме најубавите стихови во животот. Човекот што го засакавме, уште кога имавме чиста, неизвалкана душа. Еднаш, многу одамна, кога бевме деца. Тој почина осамен, во возот на релација од Белград до Бар. Беше бездомник …“ Драган Лаковиќ (Скопје, 28 март 1929 – Белград, 31 мај 1990) беше југословенски актер и пејач на детски песни. Почина на 61 година. (Треба да се напомене дека ова е урбана легенда која со години се прераскажува. Никој оваа приказна официјално не ја потврдил, но исто така, досега никој не ја негирал) ]]>

Најчитани вести