На подрачјето на Скопје 11 сообраќајки за 24 часа

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив пет сообраќајни незгоди се со последица материјална штета, пет се со последица телесни повреди во која со телесни повреди се здобило седум лица. Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника