(ВИДЕО) Безбедносна камера сними дух во британски паб

Вработените на еден од најстарите пабови во Велика Британија веруваат дека безбедносната камера снимила дух.

Снимката објавена на видеосервисот ЈуТјуб прикажува фигура во сенка која се појавува во пабот Ye Olde Man And Scythe во Болтон.

Менаџерот Тони Долеј го забележал „духот“ кога ја проверувал камерата. Открил дека престанала со снимањето во 6:18 часот.

– Ја проверивме снимката и ја видовме фигурата. Искрено, малку сум загрижен, затоа што бев скептичен кога станува збор за духови. Меѓутоа, поинаку размислувам сега, откако ја видов снимката, изјави Долеј.

Пабот е отворен уште во 1251 година и е четврти по старост во Велика Британија.

Наводно станува збор за дух на ројалистот Џејмс Стенли, кој последните часови од својот живот ги поминал во овој паб.

]]>

Најчитани вести