Шилегов: Во ВМРО-вската зграда стан од 100.000 евра и за советничката Алексовска, но и за Соња Лепиткова

Младата советничка на ВМРО-ДПМНЕ, инаку членка на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е новата сосетка на министерката Јанкулоска, на семејството Боневи, на генералниот секретар на Владата Божиновски, на телохранителот на Груевски, Павлов. Овие влезови водат кон станови и на други државни функционери. Стан од 120 илјади евра се води на име на сопругот на државната секретарка во Министерството за животна средина, Соња Лепиткова. Купен лани. Еве го Имотниот лист. Ова е втор стан на Лепиткови во Скопје. Лепиткови од Пробиштип, во 2009-та купиле стан во Скопје, а 4 години подоцна купуваат втор стан, еве во оваа зграда. Тоа што на ретко кој што не е во опкружувањето на Никола Груевски може да му успее, да дојде до 2 стана за 4 години, `и успеало и на државната секретарка за животна средина, Лепиткова. Ова е зграда на ВМРО-ДПМНЕ, функционерско соседство, зграда на станови на мајки, сопружници и синови, зад кои се крие богатењето на тесната група на власт. Само овие неколкумина функционери на власта, само во оваа зграда на ВМРО-ДПМНЕ, поседуваат имот од фантастични над МИЛИОН ЕВРА. До којшто дошле во последните неколку години, за време на владеењето на Никола Груевски- рече Шилегов.. lepitkova   aleksovska    ]]>

Најчитани вести