Девет сообраќајки за 24 часа на подрачјето на Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив шест сообраќајни незгоди се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во која со телесни повреди се здобило три лица – двајца возачи на моторни возила и еден сопатник. Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице – пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и пет пешаци коишто не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци за пешаци. Исто така откри и санкционира пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и 11 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани – учесници во сообраќајот кои сториле прекршок во својство на пешаци.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Климент Охридски и ОУ „Живко Брајковски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести