Полицискта станица во Берово поднесе кривична пријава против А.Г.(83) од Скопје претседател на одборот на директори, Д.П.(57), неизвршен член на одборот на директори и С.М.(57), преседавач на Акционерското собрание на АД „Огражден“ двајцата од Берово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластуање“.
Пријавените на 22 февруари 2011 година, злоупотребувајќи ја службената положба, свикале и одржале Собрание на акционери, по што донеле одлука преку која во три наврати, склучиле договори за купопродажба на основни средства – машини и друга опрема – и ги отуѓиле на правни лица и на самите себе за што постоел судир на интереси. Пријавените без да извршат соодветна проценка, ги продале по цена која самите ја одредиле во вкупна висина од 24.350 евра, а наедно средствата не ги внеле на сметката на АД „Огражден“ Берово.
Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против лицата Г.К.(42) од Куманово, за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и М.А.(57) од Кратово за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот од 2008 до 2012 година Г.К., пријавениот во својство на технички раководител на ЈП „Македонски Шуми“ П – Шумско стопанство Кратово злоупотребувајќи ја службената положба неовластено присвоил поголема количина огревно дрво сопственост на ЈП „Македонски Шуми“, парични средства и преземал финансиски долгови од физички лица кон ЈП „Македонски Шуми“, додека М.А. со несовесно работење пропуштил да изврши надзор над работата на Г.К со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 343.153 денари.
]]>


