Четири лица се повредени, од кои едно потешко,во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 9 часот и 10 минути на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во близина на Гајре, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „Поло“ со тетовски таблици управувано од Ш.Ф(35) од Бозовце и автобус „Даф“ со тетовски таблици што го управувал Н.И(60) од Тетово.
Во несреќата тешки телесни повреди задобила сопатничката од „Полото“ К.Ф (38) од Бозовце, која има скршеница на клучната коска и која по укажаната помош во тетовската клиничка болница е задржана за натамошно лекување. Задржан за обсервација е уште еден сопатник, додека возачот и третиот сопатник задобиле лесни повреди и пуштени се дома.
]]>


