Во четири часот утринава избувна пожар во семејна куќа во Неготино, на улицата „Цандо Кожинков“. Како што информира Противпожарната единица, изгореле дел од таванската конструкција и од покуќнината.
Причините за пожарот и предизвиканата материјална штета се уште се утврдуваат.
– Пламените јазици зафатија еден дел од братска семејна куќа во Неготино. Изгоре дел од таванот изграден од греди и трски, како и дел од покуќнината. Пожарот беше навремено пријавен и веднаш интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, изјави Иле Илиев, командир на неготинската територијална противпожарна единица.
]]>


