Жена прегазена кај Кичево

73-годишна жена од Кичево почина во тешката сообраќајна несреќа која се случи во петокот на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Според првичните сознанија на полицијата, 38-годишниот Д.В. од кичевското село Другово со автомобил „пасат” удрил во сега починатата Веиба Д. која се движела пеш.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди и на пат за медицинскиот центар Кичево починала. За време на вршење увид на лице место, сообраќајот беше во прекин и пренасочен по централното градско подрачје на Кичево.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника