Управата за финансиска полиција го уапси скопјанецот С.Ѓ. (39), управител и сопственик на ДПТУ ЕКО САРА ДС ДООЕЛ од Скопје, поради основано сомнение за сторен финансиски криминал од 1.107.000 евра.
Трисет и деветгодишниот бизнисмен, како што соопшти Управата за финансиска полиција, потпомогнат од второпријавената овластена сметководителка Р.Р.(58) во периодот од 1 јануари 2008 година до 31 декември 2012 година, со цел да оствари неоснован поврат на ДДВ и да не плати персонален данок на доход и данок на добивка, до Управата за јавни приходи поднесувал даночни пријави со невистинита содржина.
– Бизнисменот потпомогнат од неговата овластена сметководителка, при набавка на секундарни суровини-отпад од физички лица, прикажувал влезно ДДВ, иако бил свесен дека е забрането. За да се стекне со поголема материјална корист, првопријавениот го фалсификувал и износот на излезното ДДВ. Со своите криминални активности го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 1.107.000 евра, соопшти Управата за финансиска полиција.
Поради тежината на стореното кривично дело и износот на причинетата штета по барање на Јавен обвинител на С.Ѓ. изречена му е мерка притвор од 30 дена, а на второпријавената Р.Р. (58) откако и е одземена патната исправа, пуштена е да се брани од слобода со обврска за редвно пријавување во полициска станица.
]]>


