24 годишниот скопјанец Ј.Г. си заработи кривична пријава, откако во понеделникот малтретирал 19 годишно девојче од Куманово.
Според информациите од полицијата, Ј.Г. во понеделникот ја пресретнал кумановчанката А.П. и заканувајќи и се по живот, ја убедил да влезе во неговиот автомобил. Откако влегла внатре, скопјанецот ја однел во куќа во Јурумлери, каде ја затворил, физички ја нападнал и ја присилувал на полови дејствија.
Откако А.П. го одбила, Ј.Г. се откажал од намерите и ја ослободил.
]]>


