Балканскиот заводник Здравко Чолиќ не крие дека до денешен ден постојано жените флертуваат со него, му нудат брак и му ветуваат безгранична љубов, но забележува дека до сега навикнал на тоа, а поради флертување никогаш не би си го загрозил бракот со 14 години помладата сопруга Сандра. Тој рече дека неговите песни предизвикуваат одредена сексуална привлечност кај жените, па и во воздухот се чувствуваат напнатоста и страста. – Во односите помеѓу мене и жените на сцената секогаш се присутни страста, малку тензија и провокација. Без страст не постои пренос на енергија и взаемно заведување, а песните немаат смисла. Без сексуалната привлечност би било чудно, ладно – вели Чола и признава дека ужива во вниманието на жените. – Знаете, кога ќе ви пријдат како што мене ми приоѓаат, главно убавици, од нашиот крај, мажени жени со деца… и ќе ви речат дека како мали сакале да се омажат за мене… па тоа е бескрајно шармантно и убаво. Ме прават среќен, без разлкиа што во тоекот на годините немало можност да се исполни тоа, вели Чилиќ за порталот „24sata.hr’. И покрај фактот дека нему девојките му паѓаат на колена, Чола вели дека не дозволува тоа да му влијае на бракот и добрите односи со неговата сопруга. – Ние двајцата се знаеме долго време и имаме изграден однос кој ништо не може да го наруши, па дури ниту мојата работа. Инаку, јас сум многу толерантен и верувам дека бракот никогаш не треба да го ризикуваш заради флерт. Тој е сеприсутен во животот на сите пејачи, вели Чолиќ, кој не крие и дека е многу емотивен и дека многу често знае да заплаче на филм..]]>


