(ВИДЕО) Како се чува стариот пријател: Кога нозете не го држат, однесете го на прошетка

Постарите кучиња, како и луѓето, имаат потреба од поголемо внимание и љубов за да секојдневниот живот и активностите им се олеснат што е можно повеќе и затоа што како и на луѓето така и на животните понекогаш животот им станува голем предизвик.

На Јутјуб најдовме едно емотивно видео на кое е покажано како еден човек се грижи за своето куче.

Постара хаска, која најверојатно има потешкотии со одењето, седи во пластична кутија со тркалца, а сопственикот ја влече кутијата со неговиот добар пријател и се шета низ градот.

Ова е одличен показател за тоа како треба да се чува постаро куче, кое по подолго време иако нозете не го држат, сепак оди на прошетка и ужива во животот.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа

Најчитани вести