Убиениот во скопско „Ченто“ изрешетан со автоматска пушка

Во скопската населба „Ченто“ на улицата „Алија Абдовиќ“ синоќа околу 22.30 часот е убиен 46-годишниот Ибраим Исмаили од Скопје, од засега непознат сторител. Телото е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Иако убиениот веќе и е познат на полицијата како сторител на разни криминални дела како што се насилство, недозволено поседување оружје, изнуда и лихва, информира помошник-министерот за односи со јавноста во МВР Иво Котевски денеска на прес-конференција, се работи на утврдување на мотивите за убиството и дали има некаква поврзаност со кривичните дела кои починатиот ги извршил во минатото.

Тој подвлече дека од првичниот преглед на телото на починатиот констатирано е дека има повеќе прострелни рани по главата и по телото, кои најверојатно се нанесени од автоматска пушка.

– На местото на настанот, на повеќе локации се пронајдени испукани чаури, проектили, фрагменти од крв, кои заедно со возилото и другиот пронајден материјал се предадени на вештачење, појасни Котевски.

Во врска со убиството, досега во полиција се повикани повеќе очевидци, кои би требало да дадат исказ односно да помогнат во натамошната истрага.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести